Новак Ѓоковиќ: “Патот до врвот беше лекција, размислував да го напуштам тенисот”

Супермен

19/02/2019

09:25

2.268

Големина на фонт

а а а

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ одржал емотивен говор на приемот на наградите Лауреус за најдобар спортист на светот за 2018 година.

Светскиот број еден му се заблагодарил на семејството и својот тим, но и на сите оние кои му овозможиле по четврти пат да го освои ова престижно признание. 

“Не знаев што да очекувам вечерва. Се држев до онаа филозофска мисла “не очекувај ништо бидејќи така ќе добиеш сѐ”. Вечерва околу мене има големи спортисти, многу од вас кои сте во публиката го загреаја моето срце со приказните. Вашите искуства ми докажаа на мене и сите останати дека борбениот дух и упорноста се секогаш присутни и дека спортот носи универзална порака. Нелсон Мандела, основачот на Лауреус бил во право кога кажал дека спортот има моќ да го менува светот околу нас”, изјавил Новак.


Тој уште еднаш потврдил дека сериозно размислувал да ја заврши тениската кариера.

“Да, размислував да го напуштам тенисот.Мислев дека кога ја направив операцијата, се изневерив себеси и поради тоа ми беа потребни неколку месеци за да ја пронајдам поентата. Но, сега оваа награда е признание за моето “патување” кое не траеше само изминатите 12 месеци, туку цели три години. Сè започна од Ролан Гарос во 2016, кога го постигнав најголемиот успех и во истовреме бев “сопственик” на сите четири Гренд слема. Да бидам искрен, почувствував некакво силно олеснување, но не се чувствував исполнет. Во последните 15 месеци имав тешки периоди, морав да завршам некои “внатрешни работи”. Бев на чекор да го оставам рекетот на страна, а сега стојам тука и го анализирам тоа. Звучи како бајка, ама сето тоа ми говори една работа, дека кога сте во искушение треба да нурнете во себе, затоа што во вас лежат одговорите на сите прашања. Тоа сум го слушнал и претходно, но не го разбрав сѐ додека не поминав низ сѐ што поминав. Сега знам каде секогаш можам да пронајдам сила, вера и мотивација. Ви благодарам за оваа прекрасна вечер, ви благодарам за наградата”, го завршил Ѓоковиќ својот говор.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk