Познатиот Кендимен е познат по оргиите со секси девојки, но за Денот на вљубените направил нешто потполно неочекувано

Супермен

19/02/2019

12:07

5.995

Големина на фонт

а а а

Австралискиот тајкун Траверс Бејнон, попознат како Кендимен, стана Инстаграм ѕвезда поради забавите кои честопати ги организира во својата вила. Поради тоа, многумина останале изненадени од неговиот потег за Денот на вљубените.

Плејбојот од Австралија кој живее со сопругата Таша и двете негови девојки, Ниша и Кристал, за Денот на вљубените ги поздравил со бакнеж, а потоа им подготвил и појадок во кој заедно уживале, пред да ги однесе на шопинг. 

Откако потрошил вистинско мало богатство на важните дами во неговиот живот, Траверс ги извел и на вечера пред да се вратат во својата вила за да ја “заклучат” вечерта во кревет.

Траверс има и две деца со кои повремено објавува фотографии и снимки на приватниот профил на Инстаграм. Со тоа, многумина мислат дека Кендимен е приватно многу поинаква личност од онаа преку која тој се претставува. Неговиот профил на Инстаграм го следат околу 900 илјади луѓе, што е речиси четири пати повеќе од неговиот приватен профил.

“Да се биде со девојки кои се емоционално и романтично вклучени може да биде предизвик, но колку повеќе го правите тоа, толку сте подобри во истото”, додал Кендимен.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk