Мажи, колку склекови можете да направите? Од тоа зависи Вашето срце...

Супермен

19/02/2019

17:51

4.140

Големина на фонт

а а а

Мажите на средна годишна возраст кои не можат да направат десет склекови се повеќе изложени на ризик од срцев удар и срцеви болести, вели ново истражување.

Лицата кои не можат да направат повеќе од 40 склекови влијаат на намалување на ризикот од кардиоваскуларните болести за 97 проценти во наредните десет години од животот, соопшти стручниот тим од Универзитетот на Харвард. 

Меѓутоа, можноста да се направат 21 и 30 склекови значи дека мажите се изложени на четвртина ризик за заболување од болест како што се коронарната артериска болест или престанување на работата на срцето.


Експертите појаснуваат дека склековите се подобар показател за идното здравје на срцето од утврдените фитнес стандарди како што е трчањето.

"Нашите наоди се доказ дека склековите можат да бидат лесна и бесплатна метода која може да помогне во проценување на ризик од кардиоваскуларни болести во речиси секое опкружување. Изненадувачки е како способноста за изведување на склекови е далеку повеќе поврзана со проценка на ризик од кардиоваскуларни болести отколку што е тестот на трака за трчање", рекол Џастин Јанг, професор од Харвард.


Истражувањето е спроведено на повеќе од 1.000 испитаници, американски пожарникари на 40 години. Иако истражувачите се прилагодиле на различни годишни возрасти и тежината на пожарникарите, успеале да пронајдат врска помеѓу правење на повеќе склекови и долгорочно здравје.

Ова е прво истражување кое покажува дека склековите можат да бидат ефикасен тест за иден ризик од кардиоваскуларни болести, но независни експерти предупредуваат дека слични анализи треба да се спроведат кај други групи на луѓе кои се помалку активни како и кај жените.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk