Audi им помага на возачите да го избегнат чекањето на семафори

Супермен

20/02/2019

10:49

2.297

Големина на фонт

а а а

Дали ве нервира честото застанување на црвеното светло на семафорите и возењето “тргни-застани”? Audi има решение за овој проблем.

Германскиот произведувач веќе неколку години развива технологија која на сопствениците на автомобили на оваа марка ќе им овозможи поретко застанување и чекање на семафори.  


Системот наречен Green Light Optimized Speed Advisory (GLOSA) користи технологија за комуникација на возилата со семафорската инфраструктура, така што возачот во секој момент на инструмент таблата има информации за тоа кое светло го очекува на наредниот семафор, како и по колку секунди ќе се промени ваквиот сигнал. Ова е овозможено благодарение на таканаречената V2I (vehicle-to-infrastructure) технологија која во реално време обезбедува комуникација помеѓу компјутерот во автомобилот и семафорите во еден град.


Возачот, пред доаѓање на семафор, на екранот добива информација дали е вклучено црвеното светло и колку време има додека тоа не се промени во зелено. Како што велат од Audi, тоа ќе овозможи помалку стресно возење, но и ќе им помогне на возачите да избегнат застанување на семафори и да ги поминат раскрсниците кога веќе ќе се вклучи зелено светло.

Системот исто така добива информации за ограничувањето на брзината на коловозите по кои се движи автомобилот. Инаку, според податоците кои ги изнел германскиот произведувач, просечниот возач во САД поминува речиси 300 часа годишно чекајќи во автомобилите на црвено светло.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk