Правилото “24 часа” е една од методите со која милионерите ширум светот го овозможиле своето богатство

Супермен

20/02/2019

11:32

2.867

Големина на фонт

а а а

Малкумина денес ќе кажат дека не би сакале да поседуваат вртоглави износи на своите банкарски сметки, но оние кои веќе ги имаат, на разни начини дошле до нив.

Сепак, постои едно правило на располагање со парите во кое веруваат речиси сите богаташи, а станува збор за правилото наречено “24 часа”, пренесува Форбс. 


Имено, тоа правило не се однесува на размислувањето за купување на одреден скапоцен предмет туку општо за купувањето. Тоа значи дека наместо да се двоумите, треба да оставите да помине еден ден пред да донесете одлука за купување па така ќе знаете дали навистина ви е потребна таа работа или станува збор за импулсивно купување.

Исто така, по 24 часа треба да си го поставите важното прашање “Сакам или ми треба?”. На тој начин ќе заштедите пари и ќе го “здебелите” вашиот паричник, а со тоа ќе се чувствувате посреќно и позадоволно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk