Детето уште не е родено, а Англичаните веќе погодуваат во кое училиште ќе учи детето на принцот Хари и Меган

Супермен

20/02/2019

17:21

1.280

Големина на фонт

а а а

Уште не се знае дали принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ќе добијат син или ќерка, а веќе се шпекулира во кое училиште ќе учи нивното дете.

Со оглед на тоа дека принцот Хари има кралска крв, нивната ќерка или син ќе растат во Англија во кралското семејство. Но, каде е американското наследство на Меган. 


И додека Кенсингтонската палата допрва треба да го објави официјалниот коментар за тоа прашање, според пишувањата на американскиот таблоид, детето на Хари и Меган би можело да учи во британско училиште според американска програма.


Според изворите на кои се поткрепува порталот, парот веројатно ќе сака малку поразлична едукација за своето дете, од онаа вообичаената во кралското семејство, а Меган сигурно ќе сака своето дете да биде свесно за своето американско наследство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk