Секогаш е посебен: Пејачот на ревија се појави во фустан и "валкани" патики

Точка

21/02/2019

14:55

3.230

Големина на фонт

а а а

Глумецот и фронтменот на групата Thirty Seconds to Mars со секое свое појавување во јавност докажува дека машката мода не мора да биде досадна.

Џаред Лето не е еден од оние фраери кои на настани доаѓаат во одело, па често со своите стајлинзи знае да ги засени и познатите дами. А, иако со својот последен аутфит не успеа да засени никој, сепак успешно се одвои од масата луѓе на модната недела во Милано. 


Имено, Џаред на ревијата на својата омилена модна куќа Gucci се појави во широк цветен фустан кој го искомбинира со тренерки и "валкани" патики па изгледот го надополни со необична шарена марама со качулка.


Како што претпоставувате, неговиот целосен стајлинг го потпишува Gucci, а патиките кои ги носи не се навистина валкани, туку намерно се направени да изгледаат како веќе да се носени и поради тоа чинат околу 900 долари.


Но, иако изгледа како да облекол тоа што му било при рака, Џаред е голем фан на модата и секогаш внимателно го избира својот аутфит, само што светот не е подготвен за неговиот ексцентричен стил.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk