Организаторите на Олимписките игри во 2024 година во Париз предложиле брејкденсот да биде вклучен во олимпиското семејство на спортови.
Французите освен брејкденс го предложиле сурфањето, спортското качување и скејтбордингот за дел од програмата на Олимписките игри во 2024 година. Претседателот на организациониот комитет и троен олимписки шампион во кану – Тони Естанж смета дека вклучувањето на брејкденсот ќе ги направи Игрите поуметнички.
Додека брејкденсот дебитираше на Младинските игри во Буенос Аирес во 2018, сурфингот, спортското качување и скејтбордингот ќе дебитира на ОИ во Токио во 2020 година. Првиот златен медал во брејкденс, кој на Олимписките Игри за млади го носеше називот “брејкинг”, го освои Русинот Сергеј Чернишев, кој настапил под прекарот “Bumblebee”.
Меѓународниот олимписки комитет ќе ја донесе одлуката за ваквиот предлог до декември 2020 година.