Гугл претставил уред за “чување на домот”, но кога испливал еден детаљ, корисниците почнале да паничат

Супермен

22/02/2019

11:03

1.389

Големина на фонт

а а а

Технолошкиот гигант Гугл им се извини на корисниците затоа што “заборавил” да наведе дека во нивниот систем за обезбедување на домот “Nest Secure” е вграден микрофон.

Овој систем им овозможува на корисниците да поврзат повеќе од 10 детектори за движење, магнетен аларм за врата и сигурносни камери во една контролна единица која следи сѐ што се случува во домот и му испраќа нотификации на сопственикот доколку нешто не е во ред. Во спецификациите на производот никаде не се споменува дека во системот се наоѓа и микрофон. 


Кога Гугл претходно овој месец објави дека сопствениците на системот можат да го користат за да поставуваат прашања и да му даваат упатства на виртуелниот личен помошник “Google Assistant”, се појавија одредени сомнежи.

Компанијата го признала ваквиот пропуст по протестот на борците за заштита на приватноста.

“Никогаш немавме намера да сокриеме дека уредот има вграден микрофон и тоа требаше да го наведеме во спецификациите. Тоа е наша грешка. Микрофонот никогаш не е вклучен, се активира само кога корисниците ја активираат таа опција”, наведува Гугл во соопштението.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk