Како изгледа и како работи Galaxy S10 Plus

Супермен

22/02/2019

12:06

2.823

Големина на фонт

а а а

Смартфонот Galaxy S10 Plus, S10 и S10E беа претставени во средата на големиот настан на Самсунг "Unpacked". Неколку часа подоцна Јутјуб беше преплавен со првите впечатоци за овој доглоочекуван уред.

Еден од среќниците кои меѓу првите го добија својот нов Самсунг беше Луис Хилсентегер од каналот Unbox Therapy. 

Секако, станува збор за првите впечатоци, додека за целосна рецензија за новиот смартфон на Самсунг треба да поминат неколку седмици од неговото користење.


Во 13 минутното видео Луис ги претставува основните карактеристики за најскапиот смартфон од сите три членови на линијата Galaxy-Galaxy S10Plus. Од дисплеј, исечок за предната камера до перформансите.

Самсунг, како што тврди во својот S10 го вгради најдобриот АМОЛЕД дисплеј и Unbox Therapy може да се согласи со тоа. Од друга страна, тука е исечокот во дисплејот кој овозможува згодно место за две предни камери. Необичната позиција која на некој начин го избегнува "забот" е дел од дизајнот со кој ќе мора да се навикнат новите сопственици.


Камерите на Самсунг секако се меѓу најдобрите сензори во индустријата и Galaxy S10 Plus е сведок за тоа. Луис ги испроба сите три задни камери со посебен фокус на сензорот со широк агол кој ветува многу.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk