Беше непрепознатлив: Од грдо момче до најпосакуваниот шармер меѓу познатите

Супермен

22/02/2019

13:25

3.130

Големина на фонт

а а а

На доделувањето на Британските музички награди се појави познатиот диџеј Келвин Харис (35) и со својот изглед ги воодушеви жените ширум светот.

Многумина се запрашале како ова момче, кое некогаш немало вкус за мода стана еден од најпосакуваните мажи на светот кој позираше во долна облека за брендот Армани. 

Келвин некогаш беше само едно обично момче по име Адам Вејлс од Шкотска. Поради своите пеги и висина бил мета на потсмев, а Келвин во една прилика го опиша тоа чувство:

"Беше тешко да се биде највисокиот во одделението. Тогаш некако сите сакаат да се движат со подигната глава, но јас не бев таков".


Дури во последните неколку години сфатил дека висината за мажите е всушност голем плус.

Светската слава ја стекнал во 2007 година со сингловите 'Acceptable in the 80s' и 'The Girls', но дури и тогаш не изгледал како што изгледа денес.


Додека бил млад, Келвин имал смеѓа коса, носел шарени маици и широки панталони, па тешко е да се замисли дека денешниот шармер некогаш не бил свесен за својот изглед.

Во 2012 година диџејот доживеа комплетна трансформација на телото и имиџот. Започнал да вежба, а на јавните настани започнал да доаѓа во одела кои совршено му прилегаат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk