Калдерон ја откри причината за заминувањето на Роналдо од Реал Мадрид

Дерби

23/02/2019

13:37

2.280

Големина на фонт

а а а

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон во интервју за шпанските медиуми ја откри причината за заминувањето на Кристијано Роналдо од клубот минатото лето.

Како гром од ведро небо дојде веста која го потврди трансферот на Роналдо од Мадрид во Торино за сума од 100 милиони евра, а Калдерон за Радио „Виља Тринидад“ ја откри и причината за ваквото сценарио.

Наводно, Роналдо сакал да остане меѓу „Кралевите“ но не добил зголемување на платата, па тоа била една причина за Португалецот да ја побара среќата во Јувентус.

-Кристијано побара покачување на платата откако по трет пат со ред ја освои Лигата на шампионите, но Флорентино го одби. Кристијано се налути и кога дозна дека во Мадрид ќе трошат големи пари за да го донесат Нејмар. Во тие моменти Флорентино му кажа дека ако некој клуб плати за него 100 милиони евра тој ќе биде слободен да си замине. Така и беше на крајот- истакна Рамон Калдерон кој си ги зеде за себе заслугите за трансферот на Кристијано Роналдо во 2009 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг