Бербатов типуваше како ќе заврши големото дерби на „Олд Трафорд“

Дерби

23/02/2019

13:53

1.935

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед утре во попладневниот термин во Англија (15:05 часот) ќе го пречека Ливерпул на домашниот „Олд Трафорд“, дерби кое секако буди посебни емоции кај фановите на двата клуба поради огромното ривалство и историјатот кој го носат со себе овие пресметки.

Јунајтед ќе влезе во големото дерби во својот најдобар момент во сезоната, но дефинитивно ќе има исклучително тешка задача за остварување на три бода против актуелниот лидер на табелата, односно тимот кој има забележано само еден пораз досега. На еден ваков натпревар, секогаш неблагодарно е да се издвои фаворит за победата, но сепак Димитар Бербатов типува дека Јунајтед ќе слави поради фантастичната форма и атмосферата која владее во тимот по доаѓањето на Солскјер.

– Очекувам изедначен и тесен меч, нешто што е секогаш вообичаено за овие дуели. Со Јунајтед во вакво расположение и Погба на висина на задачата и во својата најдобра форма, мислам дека можат да победат и буквално да ја отворат битката за титулата. Ливерпул имаше незгоден меч со Баерн Минхен во Лигата на шампионите, додека Јунајтед е „напумпан“ по победата над Челси. Мислам дека избраниците на Солскјер ќе имаат се на своја страна и дека ќе слават победа, – вели Бугаринот кој не заборава дека од таков епилог придобивка ќе има и Тотенхем, клуб за кој исто така настапуваше во Премиер лигата.

– Со еден ваков расплет, тоа ќе бидат одлични вести и за Тотенхем, според мене тие се уште се во игра за титулата. Враќање на Кејн со таков резултат ќе биде одлична вест за нив, – смета Бербатов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг