Анчелоти: Егоизмот ме полудува, Бејл не му подаде на Бензема и потоа настана „војна“!

Дерби

23/02/2019

20:08

2.738

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти засекогаш ќе остане запаметен во историјата на Реал Мадрид бидејќи на клубот му ја донесе толку чеканата и посакувана „Ла Десима“ титула во Лигата на шампионите, а голем дел од фановите на „кралскиот клуб“ и ден денеска сметаат дека италијанскиот стручњак не го доби потребниот третман од претседателот Перез во ситуација кога доби отказ само една година по големиот успех.

Популарниот Дон Карло имаше и историска серија на натпревари на кои Реал врза победи во низа, а истата беше прекината на 4-ти јануари 2015 година на незгодното гостување на „Месталја“, односно на натпрварот против Валенсија кој подоцна се покажа како одлучувачки за отказот кој го заработи ценетиот Италијанец. Во последното интервју кое го направи за „Ил Наполиста“, Анчелоти си ја отвори душата на оваа тема, па го откри и конфликтот со Анчелоти кој настанал веднаш по споменатиот меч на „Месталја“.

– Не може сите фудбалери да бидат толку добри, но алтруизмот треба да владее во една група и тој треба да биде многу важен во успесите. Ако има нешто што ме полудува, тоа е егоизмот на теренот. Полудувам кога еден играч треба да му ја подаде топката на соиграчот, а тоа не го прави. Го платив ова и го почувствував на своја кожа. Во Реал, причината за мојата дискусија со Флорентино Перез беше поради тоа што го извадив Бејл на еден меч со Валенсија. Требаше да му ја додаде топката на Бензема кој беше сам да даде гол, но тој шутна и не даде гол. Го извадив од игра и потоа настана „војна“. Мојот Наполи не е егоистичен тим, апсолутно нема такви карактеристики. Понекогаш е добро да се биде себичен, но никогаш кога имате на кого да му подадете, – вели Дон Карло.



Спонзорирани линкови

Маркетинг