Што да ѝ подарите за Денот на жената?

Точка

07/03/2019

15:42

9.229

Големина на фонт

а а а

Дел од симболиката на месецот кој ни ја носи пролетта е и Денот на жената, 8-ми Март. Посветен на сите жени и на женските достигнувања низ минатото, овој ден традиционално ќе биде одбележан со многу прослави, како и подароци со кои ќе ги израдуваме дамите кои се важен дел од нашиот живот.

Љубовта, почитта и вниманието кои ги споделуваме секојдневно со нашите блиски се клучните нешта за среќа, а овој ден кој го издвојуваме како посебен за дамите, е одлична прилика за да ги израдувате оние кои ви значат и уште еднаш да ги потсетите за убавината на тоа да се биде жена.

Подарете (си) безгрижни патувања за денот на жената

АМСМ традиционално и годинава продолжува со одбележување и поддршка на сите жени-возачи во текот на месец Март. За негување на духот на независноста и за многу безгрижни патувања следнава година, подарете (си) АМСМ Членство!


Овој Март сите припаднички на посилниот пол имаат ексклузивна можност да станат АМСМ членови со специјален попуст и тоа:
- 50% попуст на АМСМ Classic членството за безгрижни патувања во Македонија
- 30% попуст на АМСМ Europe Premium членство за безгрижни патувања насекаде во Македонија и Европа. 

Бесплатна помош на пат и шлепување 24/7, попусти во над 250 АМСМ партнер продажни места и уште безброј бенефиции! Искористете го специјалниот попуст за да подарите или станете наши членови по повод Меѓународниот ден на жената.

Акцијата ќе трае од 01-31.3.2019 година, во АМСМ Скопје, Велес и во сите авто-мото друштва низ Македонија.

Добар чорап и 5 шарени изненадувања

Шарени, удобни, меки чорапи, спакувани во стилизирана мистери-кутија е навистина креативен и веројатно несекојдневен подарок.


Добар чорап е кутија која содржи 5 пара внимателно одбрани чорапи, кои ќе ја истакнат уникатноста на вашиот стајлинг и ќе го развеселат вашиот изглед со своите разновидни бои и форми. Доколку размислувате за креативен и посебен подарок, Добар чорап со сигурност ќе донесе радост и насмевка на лицето на дамата која сакате да ја изненадите за Денот на жената. Кликнете ТУКА и нарачајте „Dobar Box“ со најдобри чорапи!

„One Popcorn“ аксесоар за шик-девојки

One Popcorn рачно изработени аксесоари од полимерната глина, епоксидната смола, е симбол за уникатноста и создавањето во боја.


Точки, линии, експлозија од бои, експанзија од креативност во различни димензии, во форма на накит, привезоци и секаков вид модни додатоци кои го надополнуваат вашиот шик-моден стил. Изненадете ја шик-девојката за 8-ми Март со аксесоар кој ќе даде посебен белег на нејзиниот изглед. Кликнете ТУКА и нарачајте го најуникатното парче по кое ќе ве паметат!

Очилата со кои дамите ќе ги дочекаат сончевите денови

Секогаш модерни, со висок квалитет и уникатни парчиња, Prima Optics без исклучок ни ги нуди најдобрите очила за сонце. Наш предлог за подарок по повод Денот на жената се очила за сонце од брендот Dolce&Gabbana.


Новата колекција изобилува со елеганција, женственост и сензуалност, сето тоа проткаено со неизбежните традиционални мотиви на DG. Посебни и модерни, очилата на DG се вреден моден додаток кој што го заслужува секоја жена. Се што треба да направите е да ги посетите Prima Optics и да го одберете омилениот аксесоар на жените за сончевите денови кои ни претстојат.

Испратете свежо цвеќе

Подарок кој ѝ е мил на секоја жена и кој дефинитивно ви е една од првите асоцијации кога ќе помислите на 8-ми Март е цвеќето. Убав букет свежо цвеќе е подарок со кој ќе ја израдувате секоја жена и нема да погрешите, а изненадувањето и радоста ќе бидат уште поголеми кога тој ќе биде доставен директно на врата заедно со картичка со вашата порака и желби.


Изненадете ги дамите со букет свежо цвеќе преку онлајн сервисот за испорака на цвеќе City Flowers и вашиот подарок ќе биде бесплатно доставен до избраната адреса. Асортиманот на City Flowers нуди богата понуда на букети, кутии со цвеќе, како и други производи од свежо цвеќе дизјнирани за 8ми Март. Испратете радост, насмевки, почит и љубов кон вашите сакани и блиски за овој празник.

Балетанки со единствена удобност

Денот на жената е одлична прилика за да ги подарите едни од најбараните, со докажан квалитет кај купувачите, Walkmaxx Comfort Casual Балетанки.


Walkmaxx Comfort Casual Балетанки се синоним за елеганција, стил и удобност. Со перфорираниот дизајн со кој се постигнува голема флексибилност, влошката од мемори пена која нуди лесен чекор и заоблениот ѓон, овие балетанки ќе ви го овозможат чувството на удобност како ниту едни други. Сега со одлична цена за сите Клуб 5* членови! Јавете се на 02 3094-550 или кликнете ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг