Обемното истражување ги решава сите сомнежи: ММР вакцината не предизвикува аутизам

Точка

06/03/2019

10:52

2.281

Големина на фонт

а а а

Вакцината против сипаници, заушки и рубеола (ММР) не го зголемува ризикот од аутизам ниту предизвикува аутизам кај децата, покажува најновото истражување спроведено над 650 илјади деца.

Истражувачите користеле регистар на населението за да проценат дали ММР вакцината го зголемила ризикот од аутизам кај децата родени во Данска помеѓу 1999 и 2010 година, пренесува CNN. 


Биле следени вкупно 657.461 деца во август 2013 година, а истражувачите ги документирале дијагнозите на пореметувања од аутистичен спектар, како и познатите фактори на ризик вклучувајќи ја староста на родителите, дијагноза на аутизам при раѓањето, прераното раѓање и малата тежина.

Повеќе од 95 отсто од децата се вакцинирани со ММР вакцина, а кај 6.517 е дијагностициран аутизам, врз основа на што заклучиле дека таа не го зголемува ризикот од аутизам кај децата кои не се под ризик и не предизвикала аутизам кај децата кои биле под ризик.



Спонзорирани линкови

Маркетинг