Седум совети како да помогнете за време на паничен напад

Точка

06/03/2019

19:37

6.310

Големина на фонт

а а а

Експертите предлагаат седум начини на кои би можеле вие да помогнете за време на нечиј паничен напад.

Едуцирајте се

Повеќе од 13 отсто од луѓето се подложни на панични напади, кои можат да бидат силни и вознемирувачки. Препознајте ги симптомите - Паничните напади можат да траат помеѓу 5 и 35 минути, со симптоми како што се забрзано дишење, потење, забрзано чукање на срцето, треперење и мачнини.


Останете присебни

„Ако имате краток, изненаден паничен напад, може да биде корисно покрај вас да имате некој кој би ве охрабрувал со зборови дека тоа ќе помине“, вели Пол Салковскис, професор по клиничка психологија и применета наука. Важно е тој напад да пројде и да не дојде до нова пречка. Само ако останете присебни може да си пружите сигурност.

Охрабрувајте ги

Паничните напади можат да бидат многу вознемирувачки. Некои кои поминале низ таа состојба, чувството го опишуваат како да имале срцев удар или како да умираат. Важно е да ја уверите личноста која доживува паничен напад дека не е во опасност. Симптомите обично се најсилни во првите десет минути, а тие може да се препишат како реакции на телото.


Поттикнете ги длабоко да дишат

Охрабрете ја личноста со паничен напад да дише полека и длабоко. Некои препорачуваат да броите на глас или да побарате да ве гледа додека мирно ја подигнувате раката горе и долу. Постојат водичи за смирување кои вклучуваат вежби за дишење.

Не бидете одбивни туку добронамерни

Вашата реченица „не паничи“ може да биде добронамерна, но обидете се да избегнете изрази и фрази кои би можеле да звучат одбивно. Немојте да ги омаловажувате. Паничните напади се најинтензивните искуства низ кои воопшто може да поминете.


Обидете се со „спуштање на земја“

„Некои од симптомите на паничните напади не мора да се темелат на реалноста“, вели Мартин Антони, професор по психологија на Универзитетот Риерсон во Торонто. Техниките на „приземување“ или пак некои други начини кои ќе помогнат да се се чувствувате поврзано со сегашноста, можат да бидат делотворни. Затоа, фокусирајте се на текстурата на ќебето, мирис на нешто или допир.

Прашајте ги што им е потребно

Луѓето често може да се чувствуваат исцрпено после паничен напад. Внимателно прашајте ги дали сакаат чаша вода или нешто за јадење. (Кофеин, психостимуланси и алкохол најдобро е да избегнете). Можно е да треперат или да им е премногу топло. Подоцна, откако ќе се опорават, може да ги прашате дали било што им помогнало за време на нападот. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг