Најбогатите луѓе на светот живеат во овие 10 градови, а парите најмногу ги трошат на една работа

Супермен

11/03/2019

11:17

3.923

Големина на фонт

а а а

Со своите приватни авиони и вили ширум светот, богаташите спаѓаат во групата на луѓе кои најмногу се селат. Меѓутоа, речиси половина од најбогатата популација на светот има регистрирано постојано живеалиште во само 10 светски градови.

Најмногу богаташи, чие богатство изнесува најмалку 30 милиони долари, живеат во Лондон, Токио и Сингапур. Иако САД се најголемата економија на светот, Њујорк е нивниот единствен град кој се искачил на самиот врв на листата, пренесува истражувањето на “Knight Frank”. 

Податоците покажуваат дека најголемата концентрација на ултра богатите е сместена во главните градови, а факторите кои ги привлекуваат богаташите се деловните прилики, животниот стил, болнците и сообраќајната инфраструктура.


[Број на луѓе со најмалку 30 милиони долари]

И наспроти Брегзит, голем број на богаташи живеат во Лондон, кој е политички и финансиски центар на Велика Британија и најголем светски центар на богатството. Во овој град моментално живеат нешто помалку од 5000 ултра богати лица, пишува “Bloomberg”.

“Лондон е многу посебен. Не постои ниту еден друг град во кој е концентриран толкав број на богаташи од различни деловни сектори”, истакнал Лијам Билеј, аналитичар на “Knight Frank”. Според студијата, на светот живеат речиси 200 илјади поединци со ултра високи нето вредности, а две третини од нив живеат во Азија, Европа и Северна Америка.

Европа е најголемиот регионален центар на оваа популација на глобално ниво, додека порастот на азиските економии значи дека светот ќе има повеќе од 20 милиони луѓе со богатство од најмалку еден милион долари за првпат оваа година.


Виски и автомобили

Кога станува збор за потрошувачката на богатството, најголем дел од парите се трошат токму на скапоцени и луксузни работи. Така, на врвот на листата се нашле ретки видови на виски и автомобили, додека уметничките дела, накитот и дијамантите се нашле на самото дно на листата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk