Германците купуваат домашни автомобили, помеѓу петте најпродавани се двата автомобилски гиганти

Супермен

12/03/2019

12:54

3.316

Големина на фонт

а а а

Од 30-те најбарани модели во Германија, само еден нема директна или посредна врска со домашната авто-индустрија.

Пазарот на новите автомобили во Германија во февруари забележал раст од 2,7% пред сѐ благодарение на зголемување на продажбата на најмоќниот “играч” во оваа земја – Volkswagen (+3,3%). 

Во изминатиот месец, Германците купиле вкупно 268.867 нови автомобили, од кои 101.414 возила ја носеле ознаката на некој бренд во рамки на групацијата VW. Најбараните марка на автомобили во февруари биле Volkswagen (49.965), Mercedes (24.380), Audi (24.050), Ford (21.264) и BMW (17.825 продадени единици). 


Доминацијата на германските брендови, пред сѐ Volkswagen, е воочлива и на домашниот пазар и кога се гледа листата на најпродавани модели во првите два месеци од 2019 година.

Првите три места ги заземаат моделите на VW, на чело со неприкосновениот Golf (30.465) кој доминира на листата и наспроти тоа што актуелната седма генерација на ова возило е одамна претставена.

На второто место по продажба е VW Tiguan (12.825 примероци), третото место го зазема VW Polo (12.570), четврт е Mercedes C Class (10.992), а петтото место го зазема автомобилот VW T-Roc (9.529).


Интересно е тоа што помеѓу 30-те најпродавани модели во Германија, само еден припаѓа на бренд кој нема директна или посредна врска со тамошната авто-индустрија. Станува збор за Dacia Sandero, кој со 4.382 примероци во периодот од јануари до февруари 2019 година ја зазел 29-тата позиција.

Имено, од 11-тото до 20-тото место по продажба се наоѓаат: VW Touran, Audi A4, Mercedes E Class, Opel Astra, MINI, Ford Fiesta, VW Passat, Mercedes GLC, Škoda Fabia и Mercedes A Class.

Позициите од 21-30 место ги зазеле: Ford Kuga, BMW Series 1, BMW Series 5, BMW X3, Škoda Karoq, BMW Series 3, VW Up!, Audi Q5, Dacia Sandero и BMW Series 2.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk