Келвин Харис го продава својот имот на Холивуд Хилс за 5,75 милиони долари. Вилата има шест купатила, четири спални соби и голем отворен базен.
Оваа неверојатна вила е сместена над магичниот Холивуд Резервоар и може да се изнајми за 25 илјади долари месечно. Богатството на Харис кој според листата на Форбс e најпродаван диџеј, е прикажано преку раскошниот дом кој има четири спални соби и шест купатила и се протега на нешто повеќе од 6000 квадратни метри.
Во својата резиденција, Келвин има и студио за снимање. Вилата е одлична за организирање на забави; има свој бар, елегантни ормари и уредена е во минималистички стил. Дневната соба која има огромни прозорци гледа кон прекрасниот пејсаж на Калифорнија. Мешавината од елегантни теми со стариот француски дизајн ѝ дава гламурозен и луксузен изглед на оваа просторија.
Другата дневна соба содржи прекрасна и удобна гарнитура за седење. Таа е споена со кујната која е изработена од црни плочи и заедно со трпезаријата гледа кон дворот и базенот, низ масивната двојна стаклена врата. Гостинската соба се наоѓа на вториот кат, до којa водат прекрасните француски скали.
Главната бања се состои од када во беж боја и елегантни бели ормари, а истата има поглед кон надворешниот базен. Во домашното студио на Келвин има цела низа гитари и удобни каучи кои му служат за опуштање помеѓу снимањата.
Популарниот диџеј живее во комплекс кој вреди 15 милиони долари и се наоѓа во планините над Калифорнија, во подрачјето познато како Беверли Хилс Пост Офис.