Ник Џонас ја изненади сопругата со Мерцедес во вредност од 200.000 долари

Точка

13/03/2019

16:15

2.716

Големина на фонт

а а а

Ник Џонас поставува високи стандарди за подароци, а тоа го потврдува и неговиот последен потфат. Тој на својата сопруга ѝ подарил нов Мерцедес, бидејќи на тој начин сакал да го прослави успехот на својата нова песна.

Ник ѝ подари на Пријанка Mercedes Maybach, чија вредност се проценува на 200.000 долари. 

"Кога сопругот ќе се искачи на број 1, сопругата добива Maybach! Ви го претставувам...екстра Чопра Џонас. Те сакам љубов. Најдобар сопруг", напишала среќната Пријанка на својот Инстаграм профил во описот на фотографијата на која таа и Ник позираат пред новиот автомобил.


Пријанка неодамна била во Индија, а кога се вратила во САД, песната на браќата Џонас "Sucker" се искачи на првото место на Billboard Hot 100 листата. Песната го означува и официјалното нивно реобединување, а за потребите на спотот тројцата браќа ги обединиле и нивните поубави половини поради што спотот станал уште поатрактивен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk