Бил толку страшен што сцените со него морале да ги снимаат одвоено

Точка

18/03/2019

20:02

7.178

Големина на фонт

а а а

Во дамнешната 1991 година, заедно го снимале филмот “The Silence of the Lambs” кој потоа остварил светски успех, но Ентони Хопкинс и Џуди Фостер не се согласувале баш најдобро.

Фостер која ја играла младата инспекторка неодамна признала дека улогата на Хопкинс предизвикала огромен страв во неа. 

Од култниот филм на Џонатан Дем поминаа 28 години, но и денес важи за еден од најдобро снимените трилери со елементи на хорор.

Темелен на романот на Томас Харис, неговото второ дело за Ханибал Лектор, психијатар и канибал – сериски убиец. Филмот има освоено пет Оскари, вклучувајќи го и оној за најдобар филм, како единствен хорор филм кој ја понел главната награда.


Најважната улога во филмот ја толкува Ентони Хопкинс кој со своите фацијални експресии, фрази и погледи речиси кај секого успева да втера страв во коски, меѓутоа гледачите не се единствените кои стравувале од него. Помеѓу исплашените на сетот била и тогашната 29-годишна Џуди Фостер која ја играла ФБИ студентката Кларис Старлинг.

Оваа улога била првобитно наменета за актерката Мишел Фајфер која ја одбила откако го прочитала сценариото, со објаснување дека има премногу гнасни сцени. Од друга страна, за Џуди тоа во почетокот не претставувало проблем.

“Всушност, филмот не ме исплаши толку колку што ми беше страв од Ентони Хопкинс”, објаснила Фостер и додала дека поради тоа дури не можеле ниту заедно да ги снимаат сцените во кои двајцата требало да се појават во кадар. Сцените во кои Фостер разговара со Ентони се снимале одвоено, па отпосле биле монтирани.


Во сцената во која Кларис се запознава со Ханибал во филмот, Џоди всушност го запознала и самиот Хопкинс. Интересен факт е што Ентони Хопкинс се појавува во филмот дури нешто повеќе од 16 минути. Односот помеѓу Лектор и агентката Кларис е основан на реалниот однос помеѓу серискиот убиец Тед Банди и некогашниот детектив и професор по криминалистика, Роберт Кепел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг