Многу луѓе прават модификации на делови од своето тело како облик на самоизразување, да ја покажат својата припадност кон некоја група или едноставно да ве шокираат. Тие постапки вклучуваат тетоважи, пирсинзи, прстени околу врат и субдермални имплантанти, поставување на силиконски дизајн под кожата.
Има и такви кои го разделуваат јазикот како змија, ставаат рогови на чело, дури и ги тетовираат своите очи иако постои ризик да го изгубат видот.
Меѓутоа, сега новиот тренд на модификација на телото достигна ново ниво. Имено, верувале или не отстранување од средишниот дел на ушната школка е новиот бизарен тренд со кој се запознаваме.
Чај Мајберт, сопственик на студијата Calm Body Modification во Стокхолм, Шведска ја сподели оваа фотографија од оваа постапка и напиша дека човекот кој го направи тоа го пропатувал половина свет, поточно од Шведска до Австралија за да ја добие оваа измена.
"Оваа постпака не ве прави глуви. Вистина е дека може да се намали вашата способност да слушате од која страна доаѓа некој звук во првите две седмици, додека мозокот не се прилагоди со новите уши", рекол Чај Мајберт.
Меѓутоа, на многу корисници овој бизарен тренд не им се допадна, додека некои жалеле што оваа модификација е неповратна. Исто така една жена го оспори тврдењето на Мајберт дека модификацијата не влијае на слухот, велејќи дека тие во целост се неточни.