Кончита не престанува да шокира! Има бела кратка коса, на фустаните и деколтето им кажала збогум!

Точка

19/03/2019

18:48

5.115

Големина на фонт

а а а

Кончита во новиот спот "Hit me" изгледа тотално непрепознатливо и - бело.

Сигурно сите многу добро се сеќавате на победникот на Евровизија во 2014-та година, австриската музичка ѕвезда Кончита Вурст, брадестата дама која доживеала огромна популарност, не само благодарение на победата на престижниот музички фестивал, туку и благодарение на единствениот и шокантен изглед. 

Кончита со месеци била тема во светските медиуми. За некои била инспирација, за други лош пример. Но, таа ни денес не престанува да изненадува, па во спотот за новата песна "Hit Me" шокирала со нов, сосема поинаков изглед.

Иако благодарение на претходниот изглед, поточно брадата, достигнала неверојатна слава, Кончита чие вистинско име е Том Њувирт, за потребите на новиот спот ги променила брадата и фризурата и станала - целосно бела и кратко потстрижена.

Многумина биле воодушевени од оваа промена, па се ределе и коментари: "Ми се допаѓа што во исто време можеш да бидеш и машко и женско", "Ова е песна за заљубување", "Браво", "Оваа песна е толку емотивна, што морам да ја слушам цело време" и многу други.

Потсетуваме, минатата година австриската ѕвезда признала дека со години е ХИВ позитивна, откако поранешниот партнер и се заканил дека тоа ќе го изнесе во јавност.

"Ова е всушност безначајно за јавноста, но поранешно момче ми се заканува дека ќе ја објави оваа лична информација. Нема да дозволам никој да ми се заканува или на било кој начин да ми го загрозува животот", напишала Кончита тогаш на Инстаграм.




Спонзорирани линкови

Маркетинг