Антонио Бандерас поминува низ тежок период од животот. Славниот глумец пред две години преживеа инфаркт кој го загрози неговиот живот.
Иако првично изгледало дека проблемите кои ги има со срцето не се сериозни, набрзо се покажа дека здравјето му е прилично нарушено.
"Го знаев тоа и претходно, но тогаш тоа го видов многу јасно пред себе-смртта беше вистинска", рекол подоцна за Гардијан.
Поради тоа искуство тој го променил начинот на живот.
"Престанав да пушам. Започнав да се занимавам со спорт. Пијам лекови кои ми ги препорачаа докторите. Мислев дека помалку ќе работам, но потоа одлучив дека нема, бидејќи ми недостигаше животот", рекол тој.
"Понекогаш се жалам што морам да седам и одмарам, но после два дена "жив ќе се изедам", признава и додава дека уморот му е неизоставен сопатник во животот.
"Мојата природна состојба е уморот. Добро се снаоѓам во тоа", додава тој.
"Не сакам да живеам како веќе да сум мртовец. Сакам да живеам, а ако умрам, што сега", заклучи тој.