“Водиме љубов секој ден, но го штедам за да не се префорсира”

Супермен

20/03/2019

14:58

6.548

Големина на фонт

а а а

Иако најавиле учество во реалното шоу “Парови”, најпознатиот српски пар, 74-годишниот Милојко Божиќ и 21-годишната Милијана Богдановиќ сепак ги менува плановите.

“Најпрвин нѝ се јавија од телевизијата “Happy” и нѝ понудија учество во “Парови”, а потоа нѐ повикаа од “Pink” за “Задруга”. Сѐ уште не сме одлучиле, тешко ми е да го оставам Милојко бидејќи тој има проблем со неговите. Меѓутоа, како и секогаш ја имам неговата поддршка и наскоро ќе одлучиме каде ќе се појавиме”, изјавила Милијана која е спремна да влезе сама во шоуто. 


Откако во јавноста се дозна за нивната врска, многумина се заинтересирале за нивниот сексуален однос поради големата разлика во годините. Меѓутоа, Милијана била искрена:

“Имаме секс речиси секој ден, не гледам што е тоа чудно. Правиме сѐ што прави секој заљубен пар и нашите години воопшто не се препрека. Сепак, откако Милојко во декември имаше операција на срцето, морам да го штедам во текот на сексот бидејќи му вградија бајпас. Сега внимаваме да не се префорсира”, раскажала таа и продолжила:


“Инаку во креветот е како младо момче, не му треба никаква Вијагра. Сепак, не знам какви се момците во сексот, секогаш сум била со постари мажи од мене. Кај Милојко ми се допаѓаше тоа што е искусен, но неговата убавина ми е на прво место”.

Парот ја закажал свадбата за 7-ми септември, а сакаат и деца, само сѐ уште не се договориле колку.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk