8 години бил на кето диета и има лоши вести за вас: “Изгледав подобро од некогаш, но во мојот организам се случуваа морничави работи”

Супермен

20/03/2019

15:24

5.397

Големина на фонт

а а а

Дру Харисберг од Сиднеј е фитнес експерт и психолог кој се подложил на кето диета, а денес вели дека има поинаков став за ваквата исхрана.

“Со кето диетата сте слаби однадвор, но дебели одвнатре. Тоа би требало да биде официјален слоган на оваа диета бидејќи токму тоа се случува. Исхраната заснована на висок процент на масти доведува до таложење на мастите во внатрешноста на мускулните клетки што предизвикува инсулинска резистенција. Повеќето луѓе не се ни свесни дека тоа им се случува во телото бидејќи не боледуваат од дијабетес па не мора постојано да го следат нивото на шеќер во крвта ниту да земаат инсулин. Јас морам бидејќи имам дијабетес тип 1, па секојдневно ја проверувам мојата состојба”, напишал Дру. 

“Додека бев на кето диета, изгледав подобро од претходно, но одвнатре бев дебел. На крајот развив интолеранција на јаглехидрати и инсулинска резистенција. Уверен сум дека огромен број на луѓе кои се на кето диета живеат во овој момент во состојба на инсулинска резистенција предизвикана од овој начин на исхрана, а воопшто не се свесни за тоа”, вели Харисберг.

“Кето диетата е моментално во тренд, но нема никакви научни заклучоци за тоа што се случува со човековото тело на долг рок. Само затоа што нивото на шеќер во крвта ви е стабилно, не значи дека немате инсулинска резистенција. Не негирам дека исхраната базирана на намален внес на јаглехидрати може да доведе до стабилизација на шеќерот во крвта, баш напротив – осум години живеев на тој режим и имав стабилно ниво на шеќер и инсулин. Меѓутоа, тие податоци не говорат ништо. Кога ќе успеете вашето тело потполно да го адаптирате на трошењето масти, станувате потполно интолерантни и на најмалата количина на хидрати”, порачал Дру на својот Инстаграм профил.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk