Црната кутија ја откри страшната вистина за падот на Боингот: Несреќните луѓе загинаа поради софтверска грешка!

Точка

21/03/2019

21:54

9.289

Големина на фонт

а а а

Податоците од црните кутии на авионот Боинг 737 Макс 8 на “Ethiopian Airlines” кој се сруши на 10-ти март во близина на Адис Абеба, при што загинаа 157 патници и членови на екипажот, ги откриваат сличностите со падот на авионот од ист тип на “Lion Air”.

Минатата година во падот на авионот Боинг 737 Макс 8 на “Lion Air” во Индонезија, загинаа 189 патници и ленови на екипажот, а пет месеци подоцна, авион од истиот тип на “Ethiopian Airlines” се сруши во Етиопија и животот го загубија 157 лица.

Во текот на истрагата се забележани очигледни сличности меѓу летовите 302 на “Ethiopian Airlines” и летот 610 на “Lion Air”, а ова го потврди етиописката министерка за сообраќај, Дагмавит Могес, додавајќи дека извештајот за падот на авионот ќе биде објавен за 30 дена.

Според првичните информации, пилотите на етиопискиот авион непосредно пред рушењето на авионот, панично го проучувале прирачникот. Снимките од пилотската кабина на “Lion Air” укажале на тоа дека пилотите се обидувале да сфатат зошто носот на авионот се спушта.

Две минути после полетувањето, пилотот ја известил контролата на летот за „проблеми со управувањето на авионот“. Капетанот потоа го замолил ко-пилотот да побара во прирачникот што пишува за проблемот кој се појавил на контролната табла. Имено, сензорите во текот на последните 9 минути од летот покажувале дека авионот губи брзина, односно доаѓа до момент кога авионот практично и не може да лета, па затоа носот на авионот започнува да се спушта, со цел да добие на брзина.

Иако капетанот се борел да го подигне авионот, сензорите и натаму погрешно покажувале губење на брзината, а авионот не можел да се исправи. Истражителите сега проучуваат зошто компјутерскиот систем врз темел на погрешното читање на сензорите „наредил“ авионот да „нурне“ надолу и дали пилотите биле адекватно истренирани за справување со една таква ситуација.

Наводно и во текот на претходните летови била пријавена ваква грешка на системот кај истиот авион, по што грешката била санирана. За жал, веќе следниот лет, авионот на “Lion Air” се сруши, при што животот го загубија 189 лица. Имено, софтверот на моделот Макс 8 автоматски го спушта носот надолу кога ќе ддобие информација дека авионот нема доволна брзина за летање или кога постои опасност од губење на брзината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг