Вечера со Барак Обама чини 5.000 евра, а со цената следува и една фотографија со него

Супермен

21/03/2019

09:47

797

Големина на фонт

а а а

Откако во 2017 година Барак Обама си замина од должноста на претседател на САД, неговата популарност на глобално ниво постојано се зголемува. Така на пример, во Германија околу 5.000 луѓе досега купиле влезници за Самитот на светски лидери кој ќе се одржи во Келн на 4 април, а цените се движат од 70 до 5.000 евра.

Доколку ги купите најскапите влезници ќе можете да присуствувате на вечера со поранешниот американски претседател, а за спомен ќе добиете и фотографија со него. Станува збор за стотина такви "златни карти", од кои веќе некои им се доделени на почесните гости. Доколку сте заинтересирани, организаторите изјавија дека останале уште 15.000 карти. 


На собирот на светски лидери ќе се дискутира за тоа што значи добро водење на држава во денешниот свет. Обама ќе биде еден од говорниците на собирот каде своите пет минути ќе ги има и американскиот писател Џон Стрелецки, германскиот бизнисмен Франк Телен и тренерот за лидерство и менаџмент Сабине Асгод.


Настапот на 57 годишниот Обама ќе биде многу добро платен, но организаторите тврдат дека тоа не е единствената причина поради која одлучил да учествува на самитот.

"Мислам дека успеавме да го убедиме со добриот концепт на Светскиот самит на лидери", рекол организаторот и додал дека новинарите ќе можат да му прават интервју околу еден час.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk