Бебе за првпат го виде својот татко со нова фризура, неговата реакција стана хит на Интернет

Супермен

21/03/2019

10:23

3.462

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи една снимка стана хит на која бебе за првпат го гледа својот татко со новата сосема кратка коса.

Осум месечното бебе Мејсон Картер Харис од Њујорк седело на своето столче кога во соба влегол неговиот 31 годишен татко Грег. Како што се наведува во описот на снимката, таткото претходно имал подолга коса, која одлучил сосема да ја скрати. Бебето, секако тоа не го знаело, но кога го здогледал својот татко, неговата реакција стана хит. 

Снимката од 16 секунди на Интернет се појави на 19 март, а била снимена од мајката на бебето Мелиса. Иако Мејсон му се радува на таткото како секое бебе, сепак овој пат реакцијата била малку поразлична, па бебето започнало да плаче.


Судејќи по фотографијата која семејството подоцна ја објави, малото дете сепак некако се помирило со новиот изглед на својот татко.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk