Фејсбук нуди нова можност на Messenger, погледнете за што станува збор

Супермен

21/03/2019

11:43

2.594

Големина на фонт

а а а

Компанијата Фејсбук продолжува да ја унапредува својата апликација Messenger, а најновата можност се однесува на новото копче reply со кое корисникот ќе одговори на пораките на кои тој сака.

Новата опција му дозволува на соговорникот полесно следење на разговорот, особено кога станува збор за големи групни четови. 

Новата можност доаѓа како експанзија на постоечките емотикони за реакција. Сега со долг допир на пораката пред додавање на реакција можете да го изберете и новото reply копче за одговор кое се поврзува со цитираната верзија на оригиналните пораки со вашиот одговор. Цитираните пораки се појавуваат во линија со останатиот чет, но опцијата е доволно корисна.


Messenger на овој начин ја следи и апликацијата на Фејсбук, WhatsApp која оваа опција ја нуди веќе подолго време. Овој потег ги нагласува амбициите на Фејсбук да креира cross-platform system кој би ги соединил Messenger, WhatsApp и Instagram. Тоа значително би го олеснило нивното спојување кога во било кој случај би дошло време за тоа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk