Откритие: Во кафето е лекот за рак на простатата?

Супермен

21/03/2019

12:45

2.984

Големина на фонт

а а а

Тврдењата дека некои супстанции пронајдени во кафето спречуваат раст на клетките на тумор, кои се отпорни на лекови, им даваат надеж на многу луѓе. За што станува збор?

Научници од Јапонија увтрдиле дека супстанциите кои се пронајдени во кафето можат да го успорат растот или сосема да го стопираат карциномот на простатата. Во пилот студијата на глувци, се покажа дека две супстанции kaheweol и cafestol го спречуваат растот на клетките на тумор кои инаку се отпорни на лековите против карцином. 

Научниците велат дека е потребно внимание кога се пренесуваат резултатите на луѓе, но сметаат дека овие две супстанции би можеле да бидат кандидати за креирање третмани со лекови отпорни на карцином на простатата доколку резултатите се потврдат.


Студијата е објавена во магазинот "The Prostate" и е претставена на 34 Конгрес на Европското здружение на уролози во Барселона. Главниот автор на студијата доктор Хироаки Ивамото од факултетот Казанава рекол дека тие супстанции имаат синергиско влијание кое доведува до успорување на растот на тумор кај глувците.

Како да се употребат во поголемо истражување

После 11 дена набљудување, нетретираните тумори пораснале три и пол пати од оригиналниот волумен, а кај третираните глувци за 167 % од почетната големина.

"Важно е овие откритија да се имаат во предвид. Сега размислуваме како да ги употребиме во поголеми истражувања, а потоа и на луѓе", вели доктор Ивамото.


Откритието ветува, но научниците од Казанава предупредуваат дека луѓето не би требало да ги менуваат навиките поврзани со пиење на кафе.

"Кафето има и позитивни и негативни ефекти, а нас ни преостанува да ги најдеме механизмите зад овие откритија пред размислување за клиничка апликација".


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk