Уште еден модел од Баварија: БМВ наскоро ќе го претстави “Series 2 Gran Coupe”

Точка

21/03/2019

16:29

2.124

Големина на фонт

а а а

Баварскиот гигант исто како и своите најголеми конкуренти, продолжува да ја проширува и веќе прилично богатата гама на автомобили.

БМВ за ноември ја најавува премиерата на новиот модел преку еден иновативен концепт кој во салоните би требало да се појави најдоцна на пролет 2020-та година.

Новиот модел е најавен на годишната конференција за новинарите, а ниту самиот генерален директор на германската компанија, Харалд Кругер не го крие своето воодушевување од претставувањето на првата „Series 2“ во “Gran Coupe” верзија.


Спортскиот и истовремено елегантен модел со четири врати, првенствено е наменет за модерните и урбани луѓе. Изведбата на купе автомобил со четири врати, која веќе се докажа како успешна во кај повисоките класи на возила, во иднина ќе се комбинира со динамичната харизма и најновиот дизајн на БМВ.

Првиот “Series 2 Gran Coupe” на БМВ ќе дебитира на Саемот за автомобили во Лос Анџелес во ноември оваа година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг