УЕФА донесе одлука за вулгарната прослава на Роналдо

Дерби

21/03/2019

20:30

2.563

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо беше играчот кој го одбележа осминафиналниот реванш меѓу Јувентус и Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, односно со својот хет-трик ги одведе „бјанконерите“ во Топ 8, меѓутоа поради својата вулгарна прослава се најде на „тапет“ кај Европската куќа на фудбалот (УЕФА).

Дисциплинското тело отвори истрага пред три дена за да денеска ја соопшти одлукатата. Како и што се очекуваше Португалецот избегна суспензија или поточно поради несоодветното однесување ќе мора да плати само парична казна од 20.000 евра.

Ова сума ја плати и Диего Симеоне за непрофесионалниот и неетички гест на првата средба во Мадрид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг