Икарди имал состанок со претседателот Жанг пред дербито со Милан: Тоа што ми го направивте…

Дерби

21/03/2019

20:03

2.024

Големина на фонт

а а а

Напаѓачот, Маури Икарди денеска го имаше првиот тренинг со Интер по пауза од шест недели, прв тренинг откако му беше одземе капитенската лента.

Ова значи дека Аргентинецот ги има надминато сите проблеми со раководството и ќе може да им се посвети на активностите, но пред ова да се случи и да се врати на тренинзите Икарди имал клучен разговор со првиот човек на клубот Стивен Жанг и тоа пред дербито со Милан, разговор кој го пренесе италијанскиот медиум „Ла Република“.

– Никогаш не сум си се однесувал без почит кон било кого. Сум учествувал на 97, 5 проценти од тренинзите, никој не се пожалил на моето однесување и професионализам. Тоа што ми ја одземавте капитенската лента беше бесмислено понижување, -му порачал Мауро на Жанг во разговорот кој наводно бил клучен играчот конечно да се врати во тренажен процес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг