Едно неочекувано име: Реал го сака Азар, но има подготвено и план „Б“

Дерби

21/03/2019

21:45

3.163

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот прволигаш Реал Мадрид со нетрпение го очекува крајот на оваа сезона која дефинитивно ќе биде неуспешна за нив, но тоа не е ништо страшно и „кралевите“ имаат намера веќе во следната кампања да се вратат на посакувани, победнички патеки и тоа под водство на Зинедин Зидан.

Првиот услов за тоа е квалитетно да се одработи летниот преоден рок, а една од желбите е да се донесе големо име. Се споменуваат Нејмар и Килијан Мбапе од ПСЖ, меѓутоа таа мисија може да биде многу тешка со оглед на децидниот став на „светците“, па затоа пореална опција е Еден Азар.

Членот на Челси долго време е поврзуван со Реал, ама никако да биде направен тој финален чекор. Меѓутоа тоа може да се промени летово и за тоа говорат информациите кои доаѓаат од медиумите. Според „Скај Спорт“, премиерлигашот веќе месецов одбил понуда вредна 60 милиони фунти притоа испраќајќи порака дека ако Реал сака да го доведе Белгиецот ќе мора да плати дупло повеќе или блиску до тоа.

Останува да видиме дали тоа ќе се случи, плус треба да се земе во предвид фактот што Челси не може да купува играчи поради казната, па „сините“ дури и би ризикувале со него само за да го задржат уште една кампања или тоа во случајот би било до крајот на договорот.

Ако трансферот на Азар во Мадрид не може да се реализира, тогаш актуелниот европски шампион според „Скај Спортс“ ќе тргне по друг офанзивец од Премиер лигата и тоа е Фелипе Андерсон.

Бразилецот игра одлично во својата прва сезона во Вест Хем каде има 8 голови и 6 асистенции. Ова го има забележано Реал, па за сума од околу 65 милиони фунти може да го доведе во своите редови.

Едно вакво сценарио би било вистински бонус за „чеканите“ со оглед на тоа што за него минатото лето издвоија 35 милиони фунти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг