Сè почестата појава на новинарките со марама на државната телевизија предизивикала силни реакции на социјалните мрежи, а многу Швеѓани тоа го сфатиле како знак на "исламизација" на земјата.
Неколку дена по ред, Шеима Муфид со хиџаб се појавила на националната шведска телевизија како репортер за локалниот информативен програм во главниот град.
Оваа недела, Муфид се појавила во серија извештаи за проблемите со снегот во Стокхолм.
На социјалните медиуми, појавувањето на жените покриени со вел на телевизиските екрани предизвикало многу реакции, а некои тоа го сфатиле како знак дека Шведска е се повеќе исламизирана, а други дека SVT го поддржува угнетувањето на жените.
Во исто време, многумина го пофалиле доброто познавање на шведскиот јазик на Муфид, за разлика од некои други репортери.
Муфид прв пат се појавила на шведската телевизија минатата есен како стажист. Во тоа време, нејзиниот хиџаб исто така бил доживеан како опресивен кон жените и предизвикал негативни реакции.
SVT е шведска национална јавна телевизија, се финансира од данокот на јавните услуги на личен доход и во главно се потпира на моделот на BBC. По сопствено признавање, става акцент на различноста и инклузијата.