Млад милионер бара некој со него да патува низ светот: Нуди висока плата, а еве кои се условите

Точка

21/03/2019

21:03

4.125

Големина на фонт

а а а

Младиот бизнисмен, 26-годишниот Метју Лепре, бара асистент кој со него ќе патува по светот и ќе му помага во работата.

Наводно, тој заработува околу 70.000 евра месечно, а подготвен е на новиот работник да му плаќа 52.000 годишно да патува и да престојува со него во луксузни хотели во разни градови во големите држави. 

Асистентот со него ќе мора да патува во САД, Јапонија, Дубаи и Австралија, каде Метју држи предавања во приватни компании за он-лајн работење.

View this post on Instagram

Paddle boarding ? of Bali ?

A post shared by Matthew Lepre (@matthewlepre) on

Освен што ќе присуствува на сите негови деловни состаноци, вработениот исто така ќе мора да работи на промоција на неговата работа и профилите.

"Платата ќе зависи од претходните искуства, како и од неговите вештини. Здравственото осигурување исто така е платено. Често патувам поради работата и уживам во овој начин на живот, би сакал на некого да му дадам можност да ужива во ова со мене", рекол Лепре.

Од идниот асистент бара валиден пасош, добри компјутерски вештини и да биде подготвен да работи повеќе работи во исто време.

Инаку, Метју се откажал од факултет кога имал 23 години, па сам го започнал својот бизнис и сега на сметка има милиони. Од своите потенцијални кандидати бара да снимат видео во кое ќе се претстават.



Спонзорирани линкови

Маркетинг