Латино дивата ги разубавува своите фотографии на социјалните мрежи? Погледнете како изгледа Џеј Ло на плажа

Точка

21/03/2019

21:22

5.564

Големина на фонт

а а а

Иако е идол на многу жени поради изгледот кој го поседува, фотографиите кои се појавија во јавноста покажуваат дека ниту Џенифер Лопез не е совршена, како што многумина сметаат.

Имено, популарната пејачка се опуштила на романтичен одмор на Бахамите, каде ја запроси нејзиното момче Алекс Родригез. Во таа прилика, Џенифер била фотографирана во дводелен костим за капење кој ги открил нејзините недостатоци наспроти перфектно рамниот стомак кој таа постојано го истакнува на социјалните мрежи. 

Бидејќи се наоѓа во петтата деценија од животот, нема сомнеж дека Џеј Ло изгледа одлично, но очигледно е дека и таа е уште една во низата светски убавици кои се служат со Фотошоп за да изгледаат беспрекорно во виртуелниот свет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг