Иранец преминал во христијанство и побарал азил: Британците го одбиле бидејќи - тоа не е мирољубива религија! Ова го приложиле како доказ!

Точка

21/03/2019

21:36

3.800

Големина на фонт

а а а

Иранец кој преминал во христијанство, бил одбиен во 2016-та година за азил во Велика Британија, а како причина е наведено дека "тоа не е мирољубива религија".

Во писмото кое го добил од Министерството за внатрешни работи стои дека неговите тврдења дека "христијанството е мирољубива религија" не се точни. 

Како доказ во писмото се цитираат неколку делови од Библијата.

Нејтан Стивенс, службеник за имиграциони случаи, објавил делови од писмото на Твитер профилот, започнувајќи жесток напад на министерството поради "неверојатната навреда".

"Сум видел многу работи во текот на годините, но дури и јас самиот бев шокиран кога прочитав дека оваа неверојатно навредлива аргументација се користи за да се оправда одбивање на азил", вели тој.

"Какви и да се вашите ставови за верата, како владин службеник смее самоволно да избере цитати од Светата книга, а потоа да ги искористи за да уништи нечија искрена причина за носење на лична одлука да премине во другата", се прашува Стивенс.

Министерството за внатрешни работи ја признало својата грешка, инсистирајќи дека ќе продолжи блиско да соработува со клучните партнери за да ги подобри своите насоки и обуката за носителите на одлуките за азил.

"Ова писмо не е во склад со нашиот политички пристап на верски прогон, вклучувајќи го и преминувањето во одредена вера", рекол портпаролот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг