Најголема заплена на дрога во Филаделфија во последните две децении

Макфакс

21/03/2019

21:46

1.856

Големина на фонт

а а а

Полицијата во американскиот пристанишен град Филаделфија откри 538 килограми кокаин скриени во 13 патнички торби на еден брод.

Ова претставува најголема заплена на оваа дрога во филаделфиското пристаниште во последните две децении. Властите велат дека дрогата вреди околу 38 милиони долари. 

Бродот на кој е откриен кокаинот испловил од Гватемала, а крајна дестинација му била Холандија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг