Ова 24 годишно момче се дружи со дивите животни во Јужна Африка: Се гушка со хиени и жирафи, а на лавот му ги масира стапалата

Супермен

22/03/2019

09:57

5.008

Големина на фонт

а а а

Експертот за флора и фауна во Јужна Африка создал извонредна врска со дивите животни, па така се гушка со жирафи и хиени, додека на лавот му ги масира стапалата.

Шандор Ларенти (24) на фотографиите и снимките се гледа како се дружи со предаторите во паркот на лавовите во близина на Јоханесбург. 

Тој во нивно друштво изгледа сосема опуштено, а додека раскажува дека ја работи работата од соништата, Шандор признава дека работата бара голема посветеност и дека нема време за љубовен живот, пренесува Дејли Меил.


Додека неговите пријатели излегуваат и се забавуваат, Шандор работи ноќни смени, кои подразбираат набљудување на болните лавови или давање на посебни оброци на повредените жирафи.

Потребното внимание и благодарност од друга страна му го даваат животните.


"Хиената Темба сака да се бакнува и да се гали", истакнува тој.

Момчето има толку блиска врска со животните, па на лавот Џорџ му приредил незаборавна масажа на стапалата. Љубовта кон животните ја наследил од таткото Алекс, кој исто така во 2010 година ги полнеше насловните страни кога истиот третман му го пружил на еден од најголемите лавови во паркот.


Истакнал дека внимава колку што може, бидејќи сепак станува збор за диви животни.

"Без разлика дали станува збор за жирафа или лав, сите имаат потенцијален нагон да ве повредат или убијат", рекол тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk