Мајли Сајрус откако се омажи за Лијам Хемсворт максимално ужива во сè што животоt ѝ нуди.
Меѓутоа, еднаш контроверзна - секогаш контроверзна, неодамна се сончаше сосема гола, па повторно покрена лавина на коментари. Без тоа, очигледно не може.
Младата пејачка објави фотографија на која јасно се гледа дека на себе нема ништо, освен малиот шешир на главата, а градите ги сокрила со рацете.
"Подготвена сум за забава. Ајде лето 2019!", порача пејачката со фотографијата која нема сомнение дека ја овековечил нејзиниот сопруг.