Кој или што е “мажот од Флорида”, интернет тренд кој се шири онлајн?

Супермен

22/03/2019

14:44

2.585

Големина на фонт

а а а

Последниот вирален тренд на социјалните мрежи предизвика лавина од различни реакции на интернет.

Кој е мажот од Флорида? На некој начин, тој е секој од нас ... во најлошо издание. 

Изразот “Florida Man” стана интернет сензација поради големиот број на вести кои се однесуваат на бизарни, смешни и страшни злосторства кој ги направил, претпоставувате – маж од Флорида.

Играта е едноставна и таа вклучува гуглање на терминот “Florida man” со вашиот датум на раѓање, а потоа погледнете го насловот кој е на врвот и објавете го на социјалните мрежи.

Корисниците на социјалните мрежи го прават тоа во последните неколку дена, а се вклучил дури и пејачот Џон Леџенд. Тој објавил наслов кој се појавил на денот на неговиот роденден, 28-ми декември.

“Видео: Маж од Флорида испуштил телевизор од раце при бегање со скутер”, гласел насловот.

Со оглед на фактот што ваквата игра брзо стана популарна, стана малку потешко да се игра бидејќи Гугл сега прикажува приказни за тоа зошто сите пребаруваат за “мажот од Флорида”.

Ако сѐ уште не сте сигурни за што точно станува збор, ова видео може да ви ги разјасни работите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk