Мајката на 7-годишниот Мергим Л. од Косово и Метохија, кој во Базел по враќањето од училиште го уби пензионерка, кобниот ден не можела да го пречека, затоа што другото дете ѝ било болно.
Момчето се враќало од училиштето „Готхелф“, кога на 200 метри од училишниот дом, со нож го нападна старица. После повеќето убоди со ножот, момчето паднало и се онесвестило.
Локалниот весник „Базлер Цајтунг“ ги пренесува изјавите на сведоците кои откриле дека детето било избодено во пределот на вратот и во локва крв лежело на тротоарот. Истиот медиум открива дека неколку минути после итната служба, на местото на нападот пристигнале и пожарникари кои ја испрале крвта од тротоарот, а полицијата веднаш започнала да трага по напаѓачот.
„Многу ми е лошо, не можам да поверувам што се случи. Нашето дете го нема. Ми го одзеде најубавиот цвет“, изјавила мајката на убиеното дете која трагичната вест ја дознала неколку часа после нападот.
„Не ја познавам жената. Никогаш не сум ја видела и не знам зошто го уби мојот син. Што може да биде причината за ваков чин? Ни ги уништи животите“, изјави мајката, додавајќи дека фактот што не го знаат мотивот за свирепото убиство прави да им биде уште потешко на целото семејство.
Фатима Л. во последните неколку дена била во болница. Својот убиен син го видела пред два дена кога ја посетил: „Стоеше покрај креветот, беше среќен“.