Ако барате инспирација за Велигден и Први мај, тогаш сигурно ќе ви помогне информацијата дека Романија има сè повеќе туристи.
Имено, според статистичките податоци на една туристичка агенција од Велика Британија, се испоставило дека Романија е најбрзо растечка дестинација за жителите на Британија. Така интересот и продажбата на аранжмани се зголемиле за 638 отсто, помеѓу 2007-ма и 2017-та година.
А не дека Романија нема што да понуди... Со векови стари цркви и манастири, неверојатен пејзаж, дворец, но и Букурешт.
Интересно е дека Романија со векови ја негува селската култура, најмногу проади убавината на природата, но и поради менталитетот на народот.
Дестинацијата за која Британците се заинтересирани освен Романија е Литванија, а на третото место е Мексико.