Хорор во Канада: Свештеник избоден пред верниците насред утринска миса

Точка

22/03/2019

21:10

3.980

Големина на фонт

а а а

Католичкиот свештеник бил избоден пред десетина шокирани верници во текот на утринската миса во црквата Свети Јосип во Монтреал во Канада.

Полицијата во Монтреал соопштила дека по повикот утрово во 8:40 по локално време излегла на самото место, а дека обезбедувањето осомничениот маж за овој напад го совладало. 

Во извештајот на полицијата се наведува дека нападнатиот свештеник Клод Гро претрпел полесни повреди на горниот дел од телото и дека бил одведен во болница.

##https://twitter.com/sotiridi/status/1109146789637181440##

Напаѓачот потрчал кон свештеникот во текот на мисата, му пришол од зад грб и го нападнал со остар предмет, а целиот настан бил забележан со камера, соопштиле од полицијата.

Напаѓачот е уапсен и би требало да биде сослушан во текот на денот, а засега не се познати мотивите за овој напад.



Спонзорирани линкови

Маркетинг