Поради овие фотографии од телото, мајка на пет деца ја нарекуваат “одвратна”

Точка

22/03/2019

21:36

8.075

Големина на фонт

а а а

Бренда Ривер Стернс е мајка на пет деца која објавува фотографии од својот секојдневен живот на Инстаграм профилот @she_plusfive.

Бренда настојува да ја прикажува забавната страна од своето секојдневие со децата, но и да открие како навистина изгледа женското тело по породувањето. Таа не се срами да ги покаже своите стрии, стомак и висната кожа, а поради тоа често е на мета на отровни коментатори кои ја нарекуваат “грда” и “одвратна”. 

Таа не се осврнува на ваквите коментари и вели дека токму тие ѝ се “гориво да продолжи и понатаму да објавува”.

“Ми беа потребни пет бремености, две породувања со царски рез, три вагинални породувања и пет прекрасни и здрави деца за да ја сфатам длабочината на силата и убавината на женското тело”, вели мајката за “Daily Mail”.

“Сакам да ја нормализираме вистинската убавина на телото на една мајка”, заклучила Бренда и додала дека токму поради тоа нема да престане да објавува такви фотографии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг