Меси и соиграчите во живо ја видоа чудната пенал-техника: Најлудиот пеналџија во светот го надитри Армани

Дерби

23/03/2019

12:56

4.448

Големина на фонт

а а а

Вчерашниот натпревар на „Ванда Метрполитано“ беше уште еден доказ дека аргентинската фудбалска репрезентација има уште многу работа пред себе, без разлика на тоа што во националниот тим се врати најдобриот играч, Лионел Меси.

Кам-бекот на ѕвездата на Барселона не донесе позитивни вибрации во составот на „гаучосите“, бидејќи избраниците на Скалони само ги потврдија недостатоците, пред се во играта во одбраната каде делуваат крајно загубено. Венецуела сосема заслужено победи со 3:1 и на тој начин го упропасти враќањето на Меси, а начинот на кој беше ставена точка на натпреварот стана и вирален хит на социјалните мрежи.

Пред извесно време, светската спортска јавност се запозна со најлудиот пеналџија, Жозеф Мартинез, а сега Венецуелецот доби шанса да ја претстави својата специфична и чудна пенал-техника на големата сцена. Фудбалерот на Венецуела го изведе својот луд ритуал со потскокнување, а голманот Армани е само уште една жртва во низата голмани кои паднале на неговиот трик.



Спонзорирани линкови

Маркетинг