Дешамп незадоволен од глумата на Мбапе и заработениот жолт картон од Македонецот Ставрев

Дерби

23/03/2019

12:58

2.412

Големина на фонт

а а а

Дидие Дешамп имаше зошто да биде задоволен од гостувањето во Молдавија бидејќи во листата на стрелците успеаја да се запишат сите негови напаѓачи (Гризман, Жиру и Мбапе), но исто така, францускиот селектор не заборави да го „отрезни“ својот најмлад центарфор кој во последно време се почесто го гледаме во непријатни епизоди на теренот.

Килијан Мбапе се обиде да го измами македонскиот судија Ставрев со очајна глума во 91-та минута, но доброто око на најдобриот арбитар од нашата земја му донесе само жолт картон кој го доби и повеќе од заслужено. Суперталентираниот француски напаѓач не паѓа првпат така лесно во опасната зона и неговиот театар против Молдавија наиде на доста негативни реакции на социјалните мрежи, а незадоволен од непотребниот жолт картон беше и селекторот Дешамп.

– Вечерва добивме два непотребни жолти картони на натпревар на кој немаше никаква потреба да се прави такво нешто. Треба да размислуваме и на следните натпревари на кои сакаме да бидеме комплетни, – порача Дешамп по победата од 1:4.



Спонзорирани линкови

Маркетинг